Душко Стојановски избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација

На 21.02 во просториите на Д Стронгест Скопје се одржа изборно собрание на Федерација на Македонија за Бразилска Џиу Џица, на кое присуствуваа сите клубови-членки на федерацијата со свои официјални претставници.

На собранието, со едногласна одлука на присутните делегати, за нов претседател на федерацијата беше избран Душко Стојановски.

Душко Стојановски, со богато организациско и промотерско искуство. Како поранешен член на Интернационалната Еспорт Федерација, Генерален Секретар во Македонската ММА Федерација и ко-основач на Студио Бејс, тој има значаен придонес во организација и промоција на бројни национални и меѓународни спортски настани, што претставува силна основа за понатамошен развој и унапредување на БЏЏ сцената во Македонија.

Стојановски ја презема функцијата од Ивица Алексовски, Основач на Д Стронгест, актуелен претседател на Македонската ММА Федерација и еден од најистакнатите спортски лидери во државата, кој во изминатиот 30 години има огромен придонес во развојот и афирмацијата на боречките спортови на национално и меѓународни ниво.

Се вчитува...