Поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски, не е повеќе дел од Докса Катокопиа. Трајчевски, кој во минатата сезона беше и капитен на тимот, си оди од екипата во која настапуваше во изминатите пет години.
Трајчевски во Кипар замина од тимот на Работнички во 2018 година, но најпрво една сезона мина во дресот на Алки, а потоа и во Докса. Во Македонија настапуваше уште и во Работнички, Тетекс и Локомотива.
„Денес се збогувам со Докса, но со себе носам многу спомени, лекции и убави моменти кои ќе живеат со мене засекогаш. Ова беа едни од најдобрите години од мојата фудбалска кариера. Благодарност до сите во клубот, до тренерите и соиграчите што ги имав, и секако до навивачите и мојот претседател. Бев многу среќен тука, вие направивте да се чувствувам како дома“ – напиша македонскиот фудбалер на социјалните мрежи.
Трајчевски има шест настапи за сениорскиот тим на Македонија, без постигнат гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА