Душко Трајчевски уште две години во Докса

Некогашниот репрезентативец Душко Трајчевски, останува и натаму дел од Докса од Кипар, откако го продолжи договорот со својот актуелен тим на уште две години. На играчот од средниот ред му истече договорот оваа година, меѓутоа двете страни се договорија на нова соработка која ќе трае до 2025 година.

Поранешниот член на репрезентацијата е дел од Докса во 2019 година, каде што е стандарден во екипата, а во неколку навради беше и капитен.

Трајчевски во минатото играше за Работнички, Тетекс и Локомотива. Беше и А репрезентативец, за најдобрата селекција има одиграно пет натпревари.

Се вчитува...