Најдобриот хрватски ракометар, Домагој Дувњак вели дека и поради сите проблеми кои ги донесе 2020, за него била одлична година. Пред неколку дена тој ја освои втората титула во Лигата на шампионите, откако на Ф4 турнирот во Келн, со својот Кил во финалето славеше над Барселона.
Претходно, на стартот на годината имаше и одличен настап со Хрватска на Европското првенство каде го освои сребрениот медал.
„Колку и да звучи чудно мене 2020 ми беше одлична година. Mи почна со Европското првенство и освојувањето на сребрениот медал. Потоа со Кил по пет години повторно ја освои титулата шампион на Германија, а на крајот стигнавме и до трофејот во Лигата на шампионите“, изјави Дувњак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

