Вардар забележа огромна победа на првиот четвртфинален натпревар во Германија, шокирајќи ги „зебрите“ од Кил со два гола во последните триесетина секунди од мечот. Јасно е дека „црвено-црните“ како фаворити ќе влезат во неделниот реванш, пламанот на Ф4 е на дофат, но исто така е јасно и дека Германците немаат намера да се откажат.
Домагој Дувњак не беше на посакуваното ниво во Кил, а Хрватот е свесен колку ќе биде тешко да се стигне до позитивен резултат во Скопје, откако пред неколку години беше елиминиран од „вардарци“ од Лигата на шампионите, тогаш како член на Хамбург.
„Нормално е да се биде разочаран по еден таков несреќен пораз, но од друга страна ни е јасно дека дури и со пет гола предност ќе ни беше пеколно тешко во Скопје. Имам гостувано во овој град и знам каква атмосфера се прави во салата, предизвикот е огромен, но ние сигурно нема да се предадеме. Има уште 60 минути за игра, ќе видиме што ќе се случи до крајот“ – изјави Дувњак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА