Ракометната репрезентација на Хрватска ги загуби шансите за пласман во полуфиналето на Европското првенство кое се одржува во Германија откако во натпреварот во кој мораше да забележи победа, забележа пораз од Исланд со 35-30.
По натпреварот незадоволството не го криеше еден од најискусните во редовите на „коцкесите“, Домагој Дувњак кој се осврна и кон денешната средба, но и кон целиот турнир.
„Претежок пораз. Првото полувреме игравме солидно, а во второто воопшто. Нека остане на тоа, не сакам да користам други зборови. Голманите беа феноменални целиот турнир, но тоа ние не го искористивме. Игравме прешироко во одбрана и без прекршоци. Денеска говорот на телото ни беше подобаро отколку со Унгарија, но тоа не беше доволно. Влеговме во трка со нив и не контрираа. Добро го започнавме турнирот и можеби тоа беше лошо. Таков натпревар се игра еднаш во 50 години. Жалам за натпреварот со Австрија бидејќи пред самиот крај водевме со четири разлика“, изјави Дувњак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА