Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак ќе биде дел од бундеслигашот Кил до 2025 година откако денеска официјално го продолжи договорот со тимот чиј дел е од 2014 година.
Хрватот не го криеше задоволството од продолжувањето на соработката велејќи дека е горд што и понатаму ќе биде дел од тимот каде што се чувствува како дома.
„Среќен сум што соработката продолжува. Мојата фамилија и јас тука се чувствуваме многу добро. Кил е мојот втор дом. Горд сум што можам да продолжам да помагам, што ќе ги оствариме целите за најдобриот клуб во светот. Се веселам што ќе останам уште еден година со нашите навивачи“, изјави Дувњак.
Die Nachricht zum ersten Advent 🖤🤍 Alles zur Vertragsverlängerung 👉 https://t.co/fOl5Hydxac #WirSindKiel #NurMitEuch pic.twitter.com/6oQcZQGuHJ
— THW Kiel (@thw_handball) December 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА