Домагој Дувњак го понесе признанието МВП на Европското првенство 2020. Но, очигледно тоа малку му значеше на хрватскиот репрезентативец кој не ги криеше солзите по поразот од Шпанија во битката за шампионската круна.
„Претажен сум. Им честитам на момците, на стручниот штаб и целата екипа за фантастичната борба. Губевме четири разлика, па повторно се вративме и на крај примивме два глупави гола. Претажен сум. Многу ми е жал. Покажавме карактер, но на крајот ни недостасуваше концентрација. Не знам што друго да кажам. Премногу ја посакував европската титула“ – истакна Дувњак по финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА