Дувњак: Во Битола секогаш е пеколно, очекувам многу тежок натпревар

По двата порази на почетокот на сезоната Еурофарм Пелситер има тешка задача да ја прекине црната низа. Во третото коло од елитното натпреварување во Битола во среда гостува досега непоразениот германски шампион Кил.

Искусниот хрватски ракометар Домагој Дувњак очекува тежок натпревар во Битола..

„Во Битола не очекува пекол. Очигледно вистинска атмосфера за искусни познавачи на ракометот. Јас искрено ќе уживам во одличната атмосфера, а сигурен сум дека и другите момци ќе се забавуваат и ќе дадат се од себе 60 минути. Не чека натпревар против навистина добар тим. Двата пораза на Еурофарм Пелистер на стартот не значат ништо. Очекувам тежок натпревар во кој треба да бидеме многу фокусирани“, вели Дувњак.

Мечот Еурофарм Пелистер – Кил се игра утре во арената „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18.45.

Се вчитува...