Два брзи гола: Кашемиро погоди – па го налути Меси

Суперинтересно е на вечерашното „Ел Класико“ откако по само триесетина минути игра резултатот гласи 1-1. Први поведоа гостите, и тоа преку Бразилецот Кашемиро, кој во 28. минута се најде на вистинско место по одбиената топка при ударот на Серхио Рамос што заврши во дирекот, па од непосредна близина ја затресе празната мрежа.

Сепак, радоста на домаќините траеше само пет минути бидејќи потоа на сцена стапи Лионел Меси, кој одлично втрча во шеснаесетникот, се ослободи од чуварите и го совлада Кејлор Навар, прекинувајќи го својот пост од шест дуели со Реал Мадрид без постигнат гол.

Casemiro Goal HD 1-0 Real Madrid VS Barclona 23… by allsporttv

Lionel Messi EQUALIZER GOAL | Real Madrid 1-1… by brilche

Се вчитува...