Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на праг да го напушти тимот, а за неговите услуги се заинтересирани две екипи, Манчестер јунајтед и Јувентус.
„Калчомеркато“ пишува дека Лацио за својот фудбалер сака околу 70 милиони евра, а поголеми шанси за трансфер на Србинот има Манчестер јунајтед поради подобрата финансиска ситуација од „Старата дама“.
Тренерот Ралф Рангник сака засилувања во средниот ред, а Милинковиќ-Савиќ би можел да биде замената за Пол Погба, кој на лето се очекува да замине од „Олд Трафорд“.
Српскиот репрезентативец има договор со Лацио до 2024 година, а во Лацио е уште од 2015 година, кога стигна од Генк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА