Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е најзаслужниот за победата на Динамо Загреб од 3-1 против естонска Флора и пласман на Хрватите во групната фаза од Лигата на Европа.
Адеми постигна два погодоци во триумфот на „модрите“, првиот во 26. минута за водство од 2-0, а вториот во 87. минута за конечна победа од 3-1 на Динамо Загреб.
Место во групите од Лигата на Европа обезбеди и Црвена Звезда која на мечот во Кипар, славеше со 1-2 против ерменски Арарат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА