Два гола на Адеми, Шкендија ја совлада Брера среде Струмица (ВИДЕО)

Шкендија го совлада тимот на Брера во Струмица со 0-2. Херој на тетовци беше Фитон Адеми, кој во вториот дел со два гола во мрежата на Купанов, и пресуди на домашната екипа.

Со тоа тетовските „црвено-црни“ се третата екипа која е непоразена во првите три кола од првенството, заедно со Гостивар и Работнички.

Шкендија се обидуваше уште во првиот дел да го скрши отпорот на домашните, но Купанов го одбрани ударот на Бесарт Ибраими.

Само што почна вториот дел, одлична акција на Шкендија. Ахмеди го проигрува Адеми кој со лоб удар го совлада голманот на Брера за предност. Во 63. минута истиот играч донесе водство од 0-2. Ибраими од десната страна го проигра Адеми на пеналтикот, кому не му беше тешко да го совлада Купанов.

РЕЗУЛТАТИ, ПМФЛ 3. КОЛО

ШКУПИ – ВАРДАР 3-0 

Гуџуфи 33′, Ибиши (п) 55′, Гуеје 90’+4

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 2-0

Гандо 26′, Аломеровиќ 40′

ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 0-2 

Машике 30′, Симоновски 87′

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 1-0

Ивановски 52′

БЕСА – ТИКВЕШ 1-0

Љатифи 80′

БРЕРА – ШКЕНДИЈА 0-2

Адеми 47′, 63′

ТАБЕЛА:

Standings provided by Sofascore

ГОЛОВИТЕ ОД НАТПРЕВАРОТ:

Се вчитува...