Едно ремек-дело, а два гола на Дориев со кои стана прв стрелец во Узбекистан (ВИДЕО)

Некогашниот македонски репрезентативец Љупчо Дориев, постигна два гола за Согдиана, во поразот од ОКМК со 3-2.

Македонецот се наоѓа во одлична форма, но залудно кога неговите соиграчи не може да го следат.

Така Дориев дојде до својот петти гол во шест кола во првенството на Узбекистан, со што се најде на врвот на листата на стрелците. Дориев има и една асистенција.


Се вчитува...