Два гола на Дориев за Согдиана, но неговиот тим е поразен

Повремениот македонски репрезентативец Љупче Дориев, постигна два гола во поразот на неговата Согдиана од ОКМК во 8. коло во шампионатот на Узбекистан.

Дориев најпрво погоди во 21. минута за да намали на 2:2, а потоа постигна гол којк му беше поништен по прегледување на ВАР снимката.

Дориев во 72. минута успеа да донесе и предност за гостите на овој натпревар. Меѓутоа во финишот неговите соиграчи од одбраната попуштија, па така ОКМК со три гола стигна до трите бода со победа од 5-3.

Се вчитува...