Кевин Фоланд беше клучна фигура во првиот натпревар од 12.коло во Бундес лигата во кој Баер на домашен терен славеше над Штутгарт со 2-0. Токму Фоланд со двата погодоци во последните 15 минути го реши натпреварот на „Бај Арена“.
Домаќините беа доминантни на теренот во сите 90 минути и заслужено ги освоија бодовите. Пред да го постигне првиот погодок, Фоланд имаше три одлични шанси да го донесе својот тим во водство уште во првиот дел. Конечно топката заврши во мрежата во 76.минута.
Хаверц се избори за топката во казнениот простор на Штутгарт, нафрли пред голот, а Фоланд ја смести во мрежата.
Само седум минути подоцна истите фудбалери изведоа уште една успешна акција и Фоланд упати прецизен шут од 16 метри поставувајќи ги конечните 2-0.
Ова е четврта победа за Баер Леверкузен сезонава, а Штутгарт го запиша осмиот пораз и сега е на претпоследното место на табелата со само осум бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА