Фудбалерите на Арсенал ја запишаа и втората победа сезонава откако денеска на домашен терен без проблеми славеа над Лидс со 5-0 во последниот меч од денешната програма од 2. коло во англиската Премиерлига.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Тимбер во 34. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со погодокот на Сака во првата минута од судиското надополнување.
Виктор Ѓокереш се запиша во листата на стрелците за првпат во својот нов гол откако зголеми на 3-0 во 48. минута, додека со голот на Тимбер осум минути подоцна веќе беше и 4-0. Конечните 5-0 ги постави Ѓокереш од пенал во 95. минута.
Лоша вест за „топчиите“ е тоа што на овој меч Артета поради повреда мораше да ги замени Мартин Одегард и Букајо Сака.
Arsenal [3] – 0 Leeds United – V. Gyökeres 48'
byu/gbogaz insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

