Два гола на Хоселу, Реал го презеде врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид се искачи на врвот во Ла Лига откако во заостанатиот натпревар од 20. коло, славеше со 0-2 на гостувањето против Гетафе.

А, херој во победата на „кралевите“ беше Хоселу кој ги постигна двата гола за гостинскиот тим.

Најпрво погоди во 14. минута за 0-1, а потоа стрелаше и во 56. минута за 0-2, на асистенција на Винисиус Жуниор.

Реал сега е на првото место на табелата со 57 бода, два повеќе од второпласираната Џирона.

Се вчитува...