Два гола на Левандовски – Барса ја „спушти завесата“ во Ла Лига шампионски!

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетик Билбао со 0-3 на „Сан Мамеш“ во последното коло од Ла Лига, шампионски завршувајќи ја сезоната во која се закитија со нов трофеј.

Барса ги реши сите проблеми во првата половина од првото полувреме, а двоен стрелец беше полскиот напаѓач Роберт Левандовски.

Популарниот „Лева“ ја заврши работата со голови во 14. и 17. минута и и донесе победа на Барса во последниот натпревар од сезоната 2024/25.

На самиот крај од натпреварот, поточно во судиското продолжение, се случи прекршок во шеснаесетникот и натпреварот беше прекинат на неколку минути за да можат судиите да ја проверат ситуацијата со ВАР технологијата. И, по консултација, беше досуден пенал, па Дани Олмо постигна гол од пенал во 94. минута за конечни 0-3.

Барса, како Билбао, но и Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Виљареал ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...