Два гола за паметење на Дембеле: Фудбал за уживање – без победник меѓу Барса и Јуве

Јувентус и Барселона ремизираа 2-2 во фантастичен меч што беше одигран во Далас како дел од американската турнеја на двата европски гиганти. Средбата ја одбележаа бројни шанси на двете страни, како и фантастичниот погодок на Осман Дембеле, кој извонредно се ослободи од неколку противничките фудбалери пред да го матира голманот на „старата дама“.

Јувентус стигна до израмнување во 39. минута, откако Кеан натрча на додавањето на Квадрадо и од непосредна близина ја затресе мрежата на Барселона.

Каталонците повторно поведоа, и повторно во главна улога беше Дембеле, Французинот успеа да ја протне топката низ нозете на својот чувар, си создаде простор и со силен удар стрелаше прецизно. Конечните 2-2 ги постави Кеан со својот втор гол на натпреварот.

Барселона ја имаше најубавата шанса за трет погодок, но слободниот удар на Рафиња заврши само во гредата од голот на Јуве.

Се вчитува...