Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо, ги договорил личните услови со Челзи и чека двата клуба да се договорат за неговата цена. Повеќето медиуми на Островот пишуваат дека тимот од Лондон започнал официјални преговори со Јунајтед за овој трансфер. Од „Олд Трафорд“ за него бараа 70 милиони евра, но сега таа сума ќе биде помала.
Аморим веќе го информирал Гарначо дека за него ќе нема место во тимот, поради проблематичниот карактер. Од Челси, пак, сметаат дека тоа нема да биде проблематично околу неговите игри кои би ги прикажал на „Стемфорд Бриџ“.
Аргентинецот во 144 меча за Манчестер Јунајтед, постигна 26 гола и запиша 22 асистенции.
Од друга страна, уште еден излезен трансфер е на повидок во Манчестер. Напаѓачот Расмус Хојлунд е на пат кон Италија. За него има интерес од Милан, кој го сака како позајмен, на што би се согласил и тимот на Јунајтед. Претходно имаше информација дека Манчестер сакал да го вклучи Хојлунд во трансферот на Шешко, но самиот Данец одбил да оди во Лајпциг и во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

