Баер Леверкузен уште на стартот на сезоната е во потрага по нов тренер откако му врачи отказ на Ерик тен Хаг кој го предводеше поранешниот шампион на само два натпревари.
„Фармацевтите“ направија лош потег летово со ангажманот на холандскиот стартег па овој пат нема да избрзаат со одлуката за новиот предводник, пренесуваат германскит медиуми. Сепак на врвот на листата на кандидати се наоѓаат две имиња, Тијаго Мота и Анже Постекоглу.
Двајцата тренери се без ангажман по добиените откази од Јувентус, односно Тотенхем и се подготвени да прифатат нов предизвик кој нималку нема да биде лесен со оглед на бројните заминувања од составот во текот на летото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

