Два кошаркари на Олимпијакос заработија повреда на еден натпревар

Двоцифрениот пораз од Фенербахче не е единствента причина за грижа за Олимпијакос кој на дуелот против турскиот тим остана и без двајца кошаркари, Лука Вилдоза и Мустафа Фал.

Аргентинецот во текот на второто полувреме заработил повреда на стомачните мускули, но го одигра крајот на натпреварот. Неговата повреда ја потврди Јоргос Барцокас. Деталните прегледи кои следат ќе утврдат колку бекот ќе отсуствува од терените.

Повреда заработи и францускиот центар кој го скршил малиот прст на десната рака. Поради тоа не можеше да му помогне на својот тим во финишот на средбата.

Се вчитува...