Екипите на Каљари и на Џенова остварија победи во натпреварите во Серија „А“ од 18 часот, и покрај тоа што губеа од Аталанта, односно од Верона. Но, двата тима на крајот успеаја да направар пресврт и да ги освојат бодовите.
Аталанта поведе со гол на Скамака на гостувњето кај Каљари, но Аугело во 42. минута израмни, а во 88. минута Виола му донесе предност на Каљари, и три бода на домашните.
Во Верона обратна ситуација. Односно, домашните водеа над Џенова со голот на Бонацоли, за Екубан да израмни во 45. минута, а Гудмундсон во 58. минута донесе победа за гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА