Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди казните за Тиквеш, Башкими и за Вардар Неготино на чии терени имаше инциденти на натпреварите од Првата и од Втората фудбалска лига.
Тиквеш доби забрана за настап на два натпревари на домашен терен поради инцидентот со судијата Гоце Петрески на мечот против Вардар. Тимот го загуби натпреварот со службен резултат, 0-3 откако во судиското продолжение откако не беше признат чист гол за Тиквеш од публика го погодија судијата со шише во глава.
Исти казни добија и Башкими и Вардар Неготино по инцидентите на натпреварите со Беласица и ГФК Охрид. Овие три тима ќе мора да ги играат домашните мечеви на 100 километри подалеку од нивниот стадион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА