Два меча суспензија за бесниот Конте

Антонио Конте ќе мора да ги смирува нервите на следните две средби на кои трофејниот стратег нема да може да го води својот Наполи, како казна по црвениот картон заработен на дербито со Интер. Конте ги загуби нервите при досудениот пенал за противникот при резултат 1-1, влезе во конфликт најпрвин со главниот, а потоа и со четвртиот судија, по што бесен како рис се упати кон соблекувалната.

Дисциплинската комисија денеска аги објави санкциите за претходната рунда, при што Конте е казнет со два меча суспензија и 15.000 евра парична казна. Ова значи дека тренерот на Наполи ќе мора да ги гледа од трибините средбите со Парма и со Сасуоло, но ќе се врати на клупата за дербито со Јувентус.

Тренерите Паоло Ваноли од Фиорентина и Давиде Никола од Кремонезе исто така заработија црвени картони минатиот викенд, но тие добија само по еден меч суспензија.

Дефанзивецот на Лече, Ениливе Гаспар, е казнет со три меча неиграње, додека Николо Камбијаги од Болоња доби суспензија од два натпревари. Казни од по еден меч неиграње заработија: Банда (Лече), Карачоло (Пиза), Жезус (Наполи), Пецела (Кремонезе), Рамадани (Лече) и Заниоло (Удинезе).

Се вчитува...