Антоан Гризман ќе ги пропушти следните две средби на Атлетико Мадрид во Примера дивизион, по црвениот картон што овој фудбалер го заработи на дуелот од првото коло со Гирона. Французинот најпрвин доби жолт картон за обид да изглуми пенал, за веднаш потоа по зборовите што ги упати кон судијата да заработи и исклучување, по што бесен се упати кон соблекувалните.
Ова значи дека Гризман ќе ги пропушти следните две гостувања, против Лас Палмас и против Валенсија, а неговиот камбек се очекува на домашниот дуел со Малага закажан за 16 септември.
Казна од два натпревари заработи и Евер Банега од Севилја, кој исто како и Гризман вториот жолт картон го доби поради критики кон судиите. Аргентинецот сега ќе ги пропушти дуелите со Хетафе и со Еибар.
Најдобро од тројцата што добија црвени картони изминатиот викенд мина Серхио Рамос, кој за исклучувањето против Ла Коруња беше казнет со еден натпревар неиграње, па капитенот на Реал Мадрид ќе го пропушти само домашниот дуел со Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА