Директорот на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров, е казнет со суспензија од два натпревари, за својот однос на гостувањето против Блокотехна, натпревар на кој Грнчаров по направениот инцидент беше отстранет од салата.
Иако поранешниот капитен на аеродромци не се наоѓаше на клупата на својот клуб при инцидентот, тој беше дел од пријавната листа на МЗТ, што му даде за право на Комесарот за натпреварување Владо Цветковски (кој беше присутен во салата во Гевгелија) да изрече ваква санкција.
Само за потсетување, до несаканата случка дојде во четвртата четвртина од дербито во Гевгелија, кога бесни на судиските одлуки Грнчаров и дел од неговите придружници реагираа кон официјалните лица, а потоа се создаде и конфликт со луѓето од обезбедувањето, по што беа отстранети од салата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА