Кенан Јилдиз го остава Јувентус на цедило токму во пресрет на најважниот период од сезонава, откако младиот ас на „старата дама“ поцрвене поради удирање на противнички фудбалер во финишот од првото полувреме против Монца.
Дисциплинската Комисија го казни Јилдиз со два меча суспензија, што значи дека турскиот офанзивец ќе ги пропушти следните исклучително тешки средби за својата екипа, на гостински терен најпрвин против Болоња на 4 мај, а потоа и на „Олимпико“ против Лацио на 10 мај.
Јувентус на четири кола до крајот стигна до посакуваното четврто место кое води во ЛШ, но „старата дама“ има само еден бод предност во однос на Болоња и јасно е од колкава важност ќе биде наредниот меч в недела на „Ренато дал Ара“, на кој Јилдиз нема да може да им помогне на соиграчите.
Дисциплинската комисија ги казни со по еден меч неиграње следните фудбалери во пресрет на 35. коло од Серија А: Граси и Хендерсон (Емполи), Раниери (Фиорентиан), Пајеро и Ехизибуе (УДиинезе), Карбони (Монца), Копола и Гиларди (Верона).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

