Два месеци откако го освои трофејот на ЕП, шпанскиот репрезентативец најави пензија

Легендарниот шпански фудбалер Хесус Навас, објави дека ја завршува својата играчка кариера. Тој во текот на летото се прости од репрезентацијата, веднаш откако со Шпанија ја освои титулата европски првак, а сега објави дека на 31. декември ќе ги закачи копачките на клин.

Неговиот договор со Севилја истекува на крајот на годината, и тоа ќе биде последна активност на Навас. Како што кажа, се одлучил на ваков чекор поради тоа што трпи болки во изминатите години.

„Не можам повеќе да издржам, решив. Четири години се справувам со оваа ситуација, таа е исцрпувачка. Болките се посилни, комплицирано е. По натпреварот два-три дена не можам да одам. Овие шест месеци се голем предизвик. Сакав да бидам со тимот. Се надевам дека ќе успеам, бидејќи секој натпревар ми е тежок“, изјави Шпанецот.

Навас е легенда на Севиља за која во два наврати настапуваше вкупно 17 години. Помеѓу, тој играше за Манчестер Сити од 2013 до 2017 година.

Се вчитува...