Два национални рекорди на македонски пливачки на митингот во Ниш

На Меѓународниот пливачки митинг „Свети Никола“ кој се одржа на 21-22 декември во Ниш, Србија, македонските пливачки Миа Крстевска и Миа Еминова Блажевска поставија два нови национални рекорди.

Миа Крстевска постави нов апсолутен рекорд (2:20.72 мин.) на 200 метри грбно и го подобри најдоброто национално време за речиси една секунда.

Миа Еминова Блажевска постави нов кадетски рекорд (2:30.72 мин) на 200 метри грбно и го подобри рекордот кој досега беше сопственост на Миа Крстевска (2:32.03 мин).

На митингот учествуваа пливачи од ПК Орион, ПК вардар 2018, ПК Младост и ПК Центар, а дел од нив се закитија со медали и испливаа сопствени најдобри времиња. Вкупно учествуваа околу 500 пливачи од Бугарија, Грција, Малта, Србија и од Македонија.

Се вчитува...