Два нови клуба од Германија со понуди за Чурлинов

Шалке повеќе од еден месец преговара со Барнли за да го доведе Дарко Чурлинов на позајмицата, но клубот од Гелзенкирхен се соочува со сериозен проблем откако две нови екипи од Германија покажаа интерес да го доведат Чурлинов во своите редови.

Станува збор за Фортуна Дизелдорф и Сент Паули, екипи со сериозни амбиции за влез во елитното друштво кои во Чурлинов гледаат идеална опција за засилување. За потсетување, Македонецот пред две години одигра значајна улога помагајќи му на Шалке да влезе од втората во првата Бундес-лигата, оа Фортуна и Сент Паули сега веруваат дека нашиот офанзивец може да им биде од помош во остварување на истата цел.

За разлика од Шалке кој се соочува со сериозни финансиски проблеми и бараше Барнли да покрива дел од платата на Чурлинов, новите два клуба се подготвени целосно да ги покријат примањата на Македонецот, па дури и да разговараат за целосен откуп на енговиот договор со Барнли, секако за сума пониска од онаа за која англискиот клуб го купи Чурлинов од Штутгарт.

Едно е јасно, Дарко Чурлинов летово ќе си замине од Барнли каде не се смета сериозно на неговите услуги, а следна дестинација речиси сигурно ќе биде Германија, земјата каде крилниот офанзивец ги мина најдобрите денови од досегашниот дел од кариерата.

Се вчитува...