Два од два за Димитријевиќ и Хувентуд во шпанската „Ендеса“

Втор натпревар и втора победа за кошаркарите на Хувентуд на стартот од новата сезона во „Ендеса“ лигата. Откако пред неколку дена, на домашен терен беа подобри од Уникаха, вечерва, Ненад Димитријевиќ и соиграчите победија и во Севиља. Против екипата на Реал Бетис, со убедливи (78:57).

Првото полувреме полувреме беше израмнето, а на пауза се замина со предност на гостите од два поени 33-35. Третата четвртина беше клучниот период во натпреварот. Хувентуд ја доби со 27-9 и успеа да ги реши сите дилеми околу конечниот победник.На почетокот на последниот период „зелено-црните“ имаа плус од 21.поен (65:44), водство кое успеаја да го задржат и да го впишат вториот „плус“ во новиот шампионат на Шпанија.

Македонскиот репрезентативен бек заврши со пет реализирани поени (1/1 за три и 1/2 за два поени). И покрај слабиот поентерски учинок Димитријевиќ имаше одличен меч бидејќин негова задача беше да ги разигрува соиграчите, а мечот го заврши со седум асистенции.

Се вчитува...