Евертон високо лета на стартот од новата сезона во Премиер – лигата. Тимот на Карло Анчелоти по стартниот триумф над Тотенхем, оствари убедлива победа (5-2) над Вест Бромвич Албион. Хамес Родригез постигна гол и асистираше, а Доминик Калверт – Луин беше стрелец на хет-трик.
Гостите поведоа со голот на Диангана, а израмни Калверт-Луин. Пред самиот крај на првото полувреме Хамес Родригез се погрижи за целосен пресврт, а ВБА остана со играч помалку поради исклучувањето на Киран Гибс.
Гостите израмнија со одличниот шут на Матеус Переира во 47.минута, но само три минути подоцна Мајкл Кин донесе нова предност за Евертон, а до крајот Калверт – Луин се погрижи за хет-трик и конечни 5-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

