„Два од два“ за Интер на почетокот на новата сезона во Серија А

Интер стигна и до втората победа во Серија А откако во 2. коло славеше на домашен терен против Специја со 3-0. „Нероаѕурите“ беа подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот, ја имаа контролата на мечот и сосема заслужено стигнаа до победата.

Натпреварот го отвори Мартинез во 35. минута, а резултатот 1-0 остана на семафорот и до крајот на полувремето и покрај неколкуте шанси на домаќините за поголемо водство. Интер продолжи во исто темпо и во вторите 45. минути, а наградата стигна во 52. минута кога Чалханоглу го совлада Драковски. Конечниот резултат го постави Кореа во 82. минута.

 

Се вчитува...