Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски претходната сезона ја започна во редовите на МЗТ Скопје, а ја заврши во холандски Гронинген каде импресираше со своите настапи, забележувајќи просек од 7.1 поен, 4.3 асистенции и 3.4 скокови по натпревар во силното првенство на Белгија и Холандија.
Македонецот ја импресираше публиката со своите додавања и луди поени од тешки позиции па го најде своето место и меѓу најдобрите пет потези на Гронинген во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА