Манчестер јунајтед по два порази во низа им се врати на победите во Премиерлигата откако во воведниот натпревар од денешната понуда од 28. коло славеше на домашен терен против Евертон со 2-0.
Избраниците на Тен Хаг до победата стигнаа со два гола од пенал кои беа изнудени од Алехандро Гарначо, а иронијата да биде поголема Гарначо можеше да добие и трет пенал, но главниот судија на мечот не се осмели да досуди и трет пат удар од белата точка за „црвените-ѓаволи“.
Првиот пенал успешно го реализираше Бруно Фернандеш во 12. минута, додека вториот беше дело на Маркус Рашфорд во 36. минута.
Manchester United [1] – 0 Everton – Bruno Fernandes (penalty) 12’
byu/ganiganiu insoccer
Manchester United [2] – 0 Everton – Marcus Rashford (penalty) 36’
byu/ganiganiu insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА