„Два плус еден“ понуда во Русија: Купи карта за Зенит, добиј вакцина за Ковид-19 гратис!

Зенит во следното коло од руското првенство на домашен терен ќе го дочека Акхмат Грозни, а лидерот на Премиерлигата одлучи со примамлива понуда да ги примами симпатизерите на „Газпром Арена“.

Имено, станува збор за понуда „два плус еден“ во која покрај карта, добиваш и вакцинација за коронавирусот со руската вакцина „Спутник 5“. Доколку отидете на мечот со оваа понуда, треба да се појавите на стадионот два часа пред почетокот на мечот со здравствена книшка.

Се вчитува...