Два позитивни случаи на Covid-19 во Пелистер 2

Два нови случаи од Covid-19 се регистрирани во ракометниот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2, објави битолскиот клуб во чии редови имаше позитивни млади ракометари на самиот старт на подготовките, на крајот од месец јули.

„РК Еурофарм Пелистер 2 информира дека двајца ракометари пријавиле симптоми на коронавирус и по тестирањето нивните резултати се позитивни. Целата екипа, стручниот и медицинскиот тим се тестираа и се очекуваат резултатите. Во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес“, објави Еурофарм Пелистер 2.

Еурофарм Пелистер 2 одигра четири натпревари во Суперлигата, група Б и запиша две победи и два порази.

Ова е лоша вест во пресрет на продолжението на ракометната сезона, со продолжението на нов бран заразени ракометари во неколку суперлигаши. Ракометната сезона треба да продолжи следната седмица, но лесно може да се случи да дојде до ново одлагање на натпреварувањето.

Се вчитува...