Шкендија без поголеми проблеми дојде до посакуваната победа на гостувањето против Скопје во последниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Тетовци во Автокоманда славеа со 0-2, со два прекрасни погодоци, по еден во секое полувреме.
Шкендија до предноста дојде во 22. минута со голот на Аденис Шаља кој низ соло-акција испрати вистинска „бомба“ од 18 метри под гредата од голот на домашните за водство од 0-1.
Во второто полувреме уште еден убав погодок, овој пат Чинари во 78. минута извонредно шутираше од 20 метри за конечни 0-2.
По овие три бода Шкендија дојде на само еден бод од второпласираниот Шкупи во битката за шампионската титула сезонава.
Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0-2
ВЧЕРА
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ 1-1
Велиновски 79′ (п) – Маргвелашвили 31′
Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС 1-5
Јованов 47′ – Рамани 6′, Серафимовски 44′, Манасиевски 75′, Ѓорѓиевски 90′, 90’+2
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-1
Малески 28′
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
Фазли 68′
БРЕГАЛНИЦА – слободна
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА