Преубедливиот пораз на гостувањето кај Анадолу Ефес во 15. коло од Евролигата со 93-67 не е единствениот проблем со кој се соочува актуелниот шампион на Евролигата, Панатинаикос. Грчкиот тим остана и без услугите на Јоанис Папапетру и Лоренцо Браун.
Грчкиот репрезентативец е хоспитализиран поради вирус, додека репрезентативецот на Шпанија заработил повреда на тетивата на коленото.
Каква е сериозноста на болеста, односно на повредата останува неизвесно.
Актуелниот шампион на Евролигата по 15 одиграни натпревари е на десеттото место на табелата, последното кое води во плеј-инот со скор од осум победи и седум порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА