Два смешни кикса на Штурм па Митјиланд ја запиша првата победа во Лига Европа сезонава (ВИДЕО)

Дански Митјиланд ја запиша првата победа во годинашнава Лига Европа триумфирајќи со 2-0 против австрискиот шампион Штурм пред своите навивачи.

Домашните триумфираа и благодарение на двата кикса на голманот на Штурм, кој иако одлично бранеше спасувајќи неколку одлични можности на Митјиланд, сепак киксираше при двата погодоци.

Најпрво уште во 7. минута си постигна автогол, а во 89. минута не успеа добро да ја зафати топката по обидот со глава на Диао.

Во Солун, ПАОК и Макаби Тел Авив одиграа без голови.

Се вчитува...