Два турски клуба влегоа во трката за Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да остане во Турција, откако неколку клубови се заинтересирани за неговиот потпис. Барди не е во идните планови на Трабзонспор, и зимава веројатно ќе мора да бара нова средина.

Според информациите од Турција, сега Бодрумспор и Ејупспор се во трката за потписот на македонскиот играч од средниот ред. Голема е веројатноста еден од овие клубови да го добие потписот на репрезентативецот, и покрај тоа што во трката е вклучен и Башакшехир. Претходно имаше најава за можен трансфер во Динамо Загреб, но со оглед дека таму на клупата седна Фабио Канаваро, ситуацијата веројатно драстично ќе се промени.

Ејупспор во моментов е во напредни преговори со Барди, тврдат турските медиуми.

Се вчитува...