Франција во полуфиналето од Светското првенство во Катар силите ќе си ги одмери со сензацијата Мароко, но на само два дена пред големиот меч од тренингот на „триколорите“ отсуствуваа стандарните првотимци Аурелин Чуамени и Дајот Упамекано.
Репрезентацијата на Франција не се огласи за причината на нивното отсуство, но француските медиумите откриваат дека отсуството на Упамекано се должи на воспаление на грлото, додека Чуамени се пожалил на повреда по четвртфиналниот натпревар против Англија.
Претпоставките се дека и двајцата ќе бидат подготвени за настап во среда од 20 часот во меч во кој Франција како фаворит ќе бара нов пласман во големото финале со цел одбрана на шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА