Два во еден: Реал Мадрид има решение за своите и проблемите на Јувентус

Килијан Мбапе и неговата преселба во Реал Мадрид се топ тема и ова лето. Францускиот репрезентативец изрази незадоволство во ПСЖ со кој нема намера да го продолжи договорот по сезоната 2023/24 со што парискиот клуб се доведе во ситуација да мора да го продава својот голгетер доколку не сака да го загуби без обесштетување следното лето.

Но, парижани настојуваат добро да заработат од неговата продажба која треба да вреди 200 милиони евра со бонуси. Преголемата сума создава проблеми и за Реал Мадрид, но сепак „кралевите“ се подготвени да чекаат до последен момент за единствениот напаѓач на кој сакаат да ја градат иднината.

А, доколку не дојде до трансфер и ова лето, Реал Мадрид има план „Б“ кој го вклучува Душан Влаховиќ. Преголемите примања на српскиот репрезентативец во Јувентус создаваат проблеми за „старата дама“ која се соочува со финансиски проблеми па отворени се вратите за заминување на 23-годишникот.

Барањата на Јувентус за трансфер на Србинот се 80 милиони евра, сума која Реал Мадрид нема намера да ја плати за фудбалер на кој не смета на долги планови па предлогот е едногодишна позајмица која ќе биде во полза и на шпанскиот и на италијанскиот клуб.

Со тоа Реал Мадрид ќе добие квалитетен напаѓач кој треба да го замени Карим Бензема, а Јувентус една година да ги среди финансиите и да го задржи фудбалерот за кој во 2022 година издвои 82 милиони евра.

Се вчитува...