Дваесет минути за Елмас на „кам-бекот“ за Наполи во триумфот над Фиорентина (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи стигнаа до нова победа откако вечерва славеа на гостувањето кај Фиорентина со 1-3 во последниот меч од денешната понуда од 3. коло во италијанската Серија А.

Актуелниот италијански шампион брзо стигна до водство од 0-1 со погодокот на Кевин де Брујне од пенал уште во 6. минута. Расмус Хојлунд кој доде во редовите на наполитанците од Манчестер јунајтед по само 14. минути игра успеа да го постигне голот првенец за водство од 0-2.

На стартот на второто полувреме Беукема во 51. минута зголеми на 0-3. До крајот домаќините намалија на 1-3 преку Раниери во 79. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во неговото враќање во Наполи мечот го почна на клупата, а во игра влезе во 69. минута на место на Кевин де Брујне.

Fiorentina 0 – [2] Napoli – Rasmus Hojlund 15'
byu/Etpolo insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...