Двајт Хауард: Подобар сум од Јокиќ

Двајт Хаурд во изјава за американските медиуми вели дека во врвот на својата кариера бил далеку подобар кошаркар од Никола Јокиќ.

Хауард како суперталентиран кошаркар од средно училиште дојде во НБА во 2004 година кога Орландо го одбра како прв пик. Со Орландо играше НБА финале и најдоминантен беше од 2008 до 2011 година кога дури трипати по ред беше дефанзивец на годината.

Сепак, се чини како да е далеку од фокусот а навивачите го забораваат…

„Тоа е затоа што сум стар. Знам како беше некогаш кога бев на врвот од кариерата, бев Двајт Хауард и знам што правев во оваа лига и дека сум меѓу десетте најдобри на сите времиња“ – вели Хауард.

Многумина велат дека Никола Јокиќ е најдобриот центар на сите времиња, но Двајт вели дека тој е подобар од него.

„Логично, луѓето тоа го велат затоа што Јокиќ постигнува навистина многу поени и офанзивно е неверојатен. Јас некогаш имав по 38 поени и 20 скока, или 45 поени и 18 скока…, и сето тоа го постигнував само со двојки, никогаш не шутирав тројки. Лоб додавања, забивања, не играв на низок пост како Јокиќ и затоа тој има многу повеќе можности. Јас го сакам Јокиќ, не сакам луѓето да мислат дека го мрзам, но едноствно мислам дека сум подобар од него. Знам колку бев доминантен и на дефанзивен и на офанзивен план. Не ги користев сите вештини само за поени, ја користев брзината и снагата за дефанзива не сакајќи луѓето да ме паметат само како забивач“ – вели Хауард.

А, кој е тогаш според него најдобар центар на сите времиња?

„Шек, Хаким, Вилт, Карим…, а тука сум и јас некаде во Топ 10 на сите времиња“ – вели Двајт.

Се вчитува...