ЛА Лејкерс со кошот на Ентони Дејвис со звукот на сирената дојде до предност од 2-0 во финалната серија на Западната конференција во НБА лигата. Иако Никола Јокиќ одигра неверојатни последни три минути во кои постигна 11 поени, тоа не беше доволно за победа на Нагетс. Двајт Хауард беше главен „чувар“ на Србинот во текот на мечот. Тој го покажа единствениот начин на кој можеш да го сопреш неверојатниот центар. Неколку пати грубо го фаулираше, а медиумите како најдобар пример ја издвоија ситуацијата кога со двете раце силно по судискиот свиреж го удри по главата.
Dwight Howard is doing exactly what he’s paid to do. Big reason Joker is 3-for-10 at the half. pic.twitter.com/VUTWz5neGC
— Vic Lombardiᴰʳ (@VicLombardi) September 21, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА