Двајца Балканци номинирани за најдобри во изборот на НБА

Крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата носи бројни награди за одличната сезона на дел од кошаркарите па така во изборот на НБА за најдобри во повеќе категории се најдоа двајца Балканци.

Очекувано, центарот на Денвер, Никола Јокиќ е номиниран заедно со Шеј Гилџус-Александер и Јанис Адетокумпо во изборот за МВП на годината. Името на Србинот се најде и во категоријата „Клач кошаркар на годината“ заедно со Ентони Едвардс и Џејлен Браун.

Ивица Зубац кој ја одигра најдобрата своја сезона во НБА е номиниран за „Играч кој најмногу напреднал“ заедно со Кајд Канингем и Дајсон Даниелс.

Во изборот за „најдобар одбранбен играч на годината“ се најдоа: Дајсон Даниелс, Дрејмонд Грин и Еван Мобли.

Во изборот за „руки на годината“: Стефон Кесл, Зекари Рисачер и Џејлен Велс.

Во изборот за „најдобар шестти играч“: Малик Бизли, Тај Џером и Пејтон Причард.

Во изборот за „тренер на годината“: Кени Аткинсон, Џеј-Би Биксерстаф и Име Удока.

Се вчитува...