Братските тандеми се заштитен знак на македонската ракометна репрезентација веќе подолго време. На претстојното Европско првенство во Хрватска, боите на Македонија ќе ги бранат две братски двојки – Кирил и Филип Лазаров и Велко и Никола Маркоски. Или Марковски според еден од дресовите.
По случајна грешка двајцата браќа се со две различни презимиња. Постариот е Велко Маркоски, а помалиот по грешка доби едно „в“ во презимето и стана Никола Марковски.
Со или без „в“ на грбот и двајцата се максимално подготвени на уште едно првенство да одиграат максимално. На дресовите грешката може да се исправи, но, на теренот во Загреб се мора да функционира беспрекорно.
Своевремено, „в“ правеше разлика и на дресовите на уште една струшка братска двојка – Наумче беше Мојсовски, а Златко Мојсоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА